Министерката Дескоска имаше воведно обраќање на меѓународната конференција посветена на обезбедувањето квалитет во високото образование, односно воспоставување на критериуми и стандарди во согласност со европските регулативи: Кон одржлив модел на процесите за обезбедување на квалитет во високото образование. Настанот го организираше Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во соработка со „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“.

Дескоска информираше дека новиот Закон за високо образование е подготвен и дека истиот до крајот на месецот ќе биде објавен и на ЕНЕР (Единствениот национален електронски регистар на прописи), по што ќе следи јавна дебата за предлогот.img 8085

Во однос на обезбедувањето на квалитетот во високото образование, таа истакна дека се добиени голем број на предлози од различни институции, универзитети, студенти и од Професорскиот пленум и дека од сите нив произлегол еден општ консензус дека Одборот за акредитација и евалуација треба да се подели на два дела – орган кој ќе акредитира програми и орган кој ќе ги евалуира тие програми.

„Потребно е да се стави посебен фокус на контрола на квалитетот во високото образование, па затоа предвидовме посебно тело кое исклучително ќе се грижи за почитување на договорените стандарди и квалитетот на високото образование. Одборот за акредитација и евалуација онака како што е сега поставен не дава можност за да се посвети доволно внимание на процесот на евалуација, односно мерење на квалитетот, туку повеќе е фокусиран на процесот на акредитација. Предвидена е поделба на Одборот на две тела - посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација. На тој начин се обезбедува и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвиделе“, потенцираше Дескоска.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook