Министерката за образование и наука рената Дескоска денеска присуствуваше на  завршниот настан на проектот финансиран од Европската Унија „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасните".  Главен корисник на овој проект кој  е имплементиран од Британскиот совет  и неговите партнери од конзорциумот, е  Министерството за образование и наука.

Во своето обраќање Дескоска изјави дека денес во светот постои општа согласност дека знаењето е основна движечка сила на општеството и главен предуслов за напредок.

„Доживотното учење е обврска на современиот човек, бидејќи глобалната економија постојано се менува и има потреба од нови квалификации. Предизвиците на брзиот развој на новите технологии и знаења, процесот на глобализација, демографските трендови, честите промени на пазарот на трудот, зголемените потреби од висококвалификувана работна сила, ја наметнуваат потребата од доживотно учење и воспоставување на флексибилен, отворен систем на образование, кој на секој поединец му нуди разни можности за образование, напредување и признавање на претходно стекнатите знаења“, рече министерката Дескоска.

„Министерството за образование и наука и јас како министерка, ќе работиме на создавање на стандарди и квалитетни програми кои ќе можат да се применат на пазарот на труд. Образовните профили кои се производ на нашиот едукативен систем, треба да одговараат на потребите на стопанството. Наша обврска е да ја зајакнеме врската помеѓу потребите на стопанството, пазарот на трудот и стручното образование. Ова е значајно бидејќи, покрај теоретските познавања, неопходна е и стручна пракса. Квалификуваната работна сила е клучот за одржлив развој и стабилност на една држава. Мора да обезбедиме настава која што ќе нуди практични вештини со цел учениците кои што ќе завршат средно стручно образование да може да се вклопат на пазарот на трудот“, потенцираше министерката Дескоска.

Во поглед на образованието за возрасни, во рамките на проектот е подготвена Стратегијата за образование на возрасни 2018 - 2022, при што беа ревидирани  15 програми за образование на возрасни, а беа сертифицирани и 48 обучувачи на возрасни. Во рамките на проектот  е  подготвена и првата Националната стратегија за доживотно учење 2018-2022 во Македонија.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook