Државно првенство во тенис за основните училишта

Федерацијата на училишен спорт на Македонија организира Државно првенство во тенис за основните училишта во машка и женска конкуренција.

Државното првенство ќе се одржи на 26 Мај 2017 год. (петок ) во Прилеп на тениските игралишта кај Градскиот базен „Маркови Кули“...

Повеќе

Државно првенство во џудо за основни училишта

Федерацијата на училишен спорт на Македонија организира Државното првенство во ЏУДО кое ќе се одржи на ден 27 мај 2017 година (сабота), во спортската сала на О.У „Добре Јованоски“ – Прилеп.

Право на учество имаат само ученици од Основните училишта р...

Повеќе

Финале во фудбал за основните училишта во женска категорија

На 23.05.2017 година во Струмица ќе се одиграат финалните натпревари од Државното првенство во фудбал во женска конкуренција, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Повеќе

Ракометарите на ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга го освоија државното првенство

 Учениците на ОУ „Јосип Броз – Тито“ од Струга го освоија првото место на државното првество во ракомет, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија, чија завршница се одржа во вторникот во Радовиш.

Повеќе

Државно првенство во атлетика за основците

Федерацијата на училишен спорт на Македонија ги известува сите основни училушта во Република Македонија дека во петок 19.05.2017 година, на Атлетскиот полигон „Соколана“ во Куманово, ќе се одржи Државното првенство во атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција.

Повеќе

Основците утре ќе го добијат шампионот во ракомет

Радовишани, утре 16.05.2017 година ќе бидат домаќини на завршниот турнир во ракомет за ученици од основните училишта од земјава, во лигата што ја организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Повеќе

Шампионскиот трофеј во рацете на фудбалерите на ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга

Фудбалерите на ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга го освоија првото место на државното првенство во фудбал за основите училишта, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Повеќе

Фудбалерките на „Брицо“ најдобри во Македонија

Женскиот фудбалски тим на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ го освои првото место на државното првенство во фудбал за средношколците од Република Македонија, што го организира Федерацијата на училишен на Македонија.

Повеќе

ОУ „Коле Канински“ државен првак во ракомет во женска конкуренција

Ракометниот тим на ОУ „Коле Канински“ од Битола е државен првак во ракомет во женска конкуренција. На вчерашниот (11.05.2017) завршен турнир во Македонска Каменица, ученичките од ОУ „Коле Канински“,го освоија првото место, супериорно совладувајќи ги противниците.

Повеќе

Македонска Каменица домаќин на финалето во ракомет

Општина Македонска Каменица и ОУ „Кирил и Методиј“ овој четврток 11.05.2017 година, ќе бидат домаќини на женските екипи од основните училишта, кои изборија учество на завршниот турнир на државното првенство во ракомет, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Повеќе