Учениците на СОУ „Никола Карев“ од Струмица најдобри во одбојка на песок

Екипата на СОУ „Никола Карев“ од Струмица е шампион во одбојка на песок во машка конкуренција на Државното првенство, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.Сребрениот медал им припадна на учениците на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје, додека третопласирана беше екипата на СОУ „Коле Неделковски“ од Велес.