Ученичките на СУГС „Никола Карев“ од Скопје, шампиони во одбојка на песок

Екипата на СУГС „Никола Карев“ од Скопје го освои првото место на Државното првество во одбојка на песок во женска категорија, кое се одржа минатата недела во Скопје.

Второпасирана е екипата на СОУ „Кочо Рацин“ од Велес, додека бронзениот медал им припадна на одбојкарките на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје.