Државен натпревар во џудо за основни училишта

 

Минатата недела во спортската сала на ОУ „Добре Јовановски“ во Прилеп се одржа државниот натпревар во џудо за основни училишта за учебната 2016/2017 година.

На натпреварот  учествуваа 135 ученици од кои 45 во женска и 90 во машка конкуренција од 27 основни училишта или од повеќе општински сојузи на училишен спорт: Битола, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Ресен, Радовиш кои се натпреваруваа во 9 тежински  категории во машка конкуренција и 6 тежински категории во женска конкуренција.

Резултатите може да ги преземете на следниот линк.