Државно првенство во одбојка на песок за средните училишта

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на теренот за одбојка на песок на СУГС „Никола Карев“ од Скопје, на 31 мај и на 1 јуни 2017 година ќе одржи Државно првенство во одбојка на песок за средните училишта во женска и машка конкуренција.

Согласно пропозициите, екипите треба да се составени од вкупно тројца играчи, од кои 2 (двајца) играат на терен и еден играч е резерва. Едно училиште може да пријави најмногу до 1 (една) екипа во секоја категорија, со список на играчите и одговорниот професор заверен од училиштето, како и членски книшки –легитимации за натпреварување од ФУСМ со заверен лекарски преглед.

На Државното првенство право на учество имаат ученици во средните училишта родени 1997 година и помлади.

Првопласираните екипи (прво, второ и трето место) добиваат медал и диплома.

Пријавата за учество да се достави по електронски пат на E- mail: tonik_sr@yahoo.com или vencirangelov@yahoo.com најдоцна до 30.Мај.2017 год.