Државно првенство во пливање за основни и средни училишта 2017 година

Федерацијата на училишен спорт на Македонија во сорботка со Општинскиот сојуз на училишен спорт – Куманово и Пливачката федерација на Макдонија организира Државното првенство во ПЛИВАЊЕ за ОСНОВНИ И СРЕДНИ Училишта во машка и женска конкуренција. Натпреварите ќе се одржат на 01 Јуни 2017 година ( четврток), во затворен пливачки базен (до Градска спортска сала) во Куманово. Право на учество, имаат ученици од основните училишта родени 2001 година и помлади, како и средношколци 1997 година и помлади. Сите натпреварувачи треба да настапат со членска книшка на Федерацијата на училишен спорт или натпреварувачки картон на Пливачката федерација, со задолжителен лекарски преглед не постар од 6 месеци. Натпреварувачите се поделени по возрасни категории:

  1. Петто одделение и помлади -машки и женски
  2. Шесто и седмо одделение-машки и женски

III. Осмо и деветто одделение-машки и женски

  1. Прва до четврта година средни училишта – машки и женски

Според пропозициите, учениците ќе се натпреваруваат на:

50 м. слободно – (М/Ж) за основци и 100 м. Слободно – (М/Ж) за средношколци, 50 м. Градно – (М/Ж) – основци и 100 м. Градно – (М/Ж) – средношколци, 50 м. Грбно – (М/Ж) – основци и 100 м. Грбно – (М/Ж) – средношколци, 50 м. Делфин – (М/Ж) – основци и 100 м. Делфин – (М/Ж) – средношколци. Секој натпреварувач има право да учествува во две (2) дисциплини.

Пријавата за учество задолжително да се достави по електронски пат на aleksandarf@yahoo.com најдоцна до 30.05.2017 година и истата треба да содржи име и презиме, одделение, клас, училиште и град.

Првопласираните учесници (прво, второ и трето места) ќе бидат нагредени со медали и дипломи. За најдобри пливачи во категорија се прогласуваат оние пливачи кои ќе освојат најмногу први места, доколку имаат ист број на освоени први места, втори места доколку е ист број на освоени медали тогаш се зема вредноста на еден вреден резултат според FINA таблица.