Државно првество во Карате – кати за основците и средношколците

На 01.06.2017 година (четврток) во спортската сала „Партизан“ во Кавадарци, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија ќе одржи Државно првенство во Карате – кати за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција.

Сите натпреварувачи треба да настапат со членска книшка на ФУСМ, или натпреварувачки картон на Карате федерацијата на Македонија, како и со список со име и презиме на натпреварувачот, училиште, град и име и презиме на наставникот водач заверен во училиштето.

Право на учество имаат учениците од основните родени 2001 година и помлади, како и ученици од средните училишта родени 1997 година и помлади.

Возрасни категории – КАТИ:

  1. Одделенска настава -машки и женски – Учениците помлади од 9 години да достават уверение од спортска медицина. Според пропозициите учесниците имаат право на ката по избор, со право на повторување во секој трет круг)
  2. Шесто и седмо одделение-машки и женски – ката по избор, без право на повторување.

III. Осмо и деветто одделение-машки и женски – ката по избор, без право на повторување.

  1. Прва и втора година средно училиште-машки и женски – согласно WKF правила,
  2. Трета и четврта година средно училиште-машки и женски – WKF правила.

Пријавата за учество задолжително да се достави по електронски пат на osuskavadarci@yahoo.com најдоцна до 31.05.2017 година и треба да содржи име и презиме, одделение, клас, училиште и град.

Првопласираните учесници (прво, второ и две трети места) добиваат медал и диплома.

Првопласираните во сите категории се здобиваат со право за учество на спортскиот камп во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.