ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, шампион во женска конкуренција

ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово го освои првото место на Државното првенство во фудбал во женска конкуренција, кое се одржа на 23.05.2017 година во Струмица.  Ученичките на ОУ „Бајрам Шабани“, до трофејот стигнаа по изведување на пенали, откако регуларниот дел од натпреварот против домаќинот ОУ „Сандо Масев“ од Струмица, заврши без победник.

Третопласирана е екипата на ОУ „Св. Климент Охридски“ од Македонски Брод, додека наградата за фер плеј екипа им припадна на ученичките од ОУ „Браќа Миладиновци“ од општина Илинден.