Државно првество во тенис за средните училишта

Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт Кочани, организира Државно првенство во тенис за средните училишта во машка и женска конкуренција. Државното првенство ќе се одржи на 30 Мај 2017 год. (вторник) во Кочани на Тениските игралишта кај Градскиот стадион.

Право на учество имаат ученици во средните училишта родени 1997 година и помлади.

Сите натпреварувачи настапуваат со членска книшка на ФУСМ, како и Список со име и презиме на ученикот, училиште и град, како и име и презиме на наставникот-водач, заверен од училиштето или Општинскиот сојуз на училишен спорт.

Согласно пропозициите натпреварувачите ќе бидатподелени во групи, машки – I – IV година, како и женски од I – IV Година.

Секој Општински сојуз има право да пријави 3 натпреварувачи во машка и 3 натпреварувачи во женска категорија, кои согласно пропозициите ќе играат два кратки сета  до 4 гејма:  4 – 2  крај, 3 – 3 тајбрејк.

Пријавата за учество да се достави по електронски пат на E- mail: angel_akvaten@yahoo.co.uk најдоцна до 29.05.2017 год. до 15.00 ч.