Финале во фудбал за основните училишта во женска категорија

На 23.05.2017 година во Струмица ќе се одиграат финалните натпревари од Државното првенство во фудбал во женска конкуренција, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Покрај домаќинот ОУ „Сандо Масев“ од Струмица, на завршниот турнир учество обезбедија и ОУ „Браќа Миладиновци“ од Илинден, екипата на ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово и тимот на ОУ „Св. Климент Охридски“ од Македонски Брод.