Ракометарите на ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга го освоија државното првенство

 Учениците на ОУ „Јосип Броз – Тито“ од Струга го освоија првото место на државното првество во ракомет, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија, чија завршница се одржа во вторникот во Радовиш.

Второто место им припадна на учениците на ОУ„Кочо Рацин“ од Куманово, додека третопласирани беа ракометарите на ОУ „Гоце Делчев“ од Илинден. Тимот на ОУ „Коста Рацин“ од Подареш, пак, го освоија трофејот за фер плеј екипа на финалните натпревари.