Државно првенство во атлетика за основците

Федерацијата на училишен спорт на Македонија ги известува сите основни училушта во Република Македонија дека во петок 19.05.2017 година, на Атлетскиот полигон „Соколана“ во Куманово, ќе се одржи Државното првенство во атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција.

Учениците ќе се натпреваруваат во следните дисциплини: машки:  100м, 300м, 800м,4х100м, Височина, Далечина, Ѓуле( 4кг) и женски: 100м, 300м, 600м,  4х100м, Височина, Далечина, Ѓуле(3кг )

Право на учество имаат сите ученици родени 2001 година и помлади со исправна легитимација, пријава заверена од страна на Училиштето и со задолжителен лекарски преглед.

Натпреварувачите пласирани на првите три места ќе бидаат наградени со дипломи и медали од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Согласно пропозициите еден натпреварувач може да настапи во две дисциплини и штафета, како и натпреварувачот кој ќе настапи во трката на 600м или 800м, нема да може да настапи во втора дисциплина вклучувајќи и штафета. Дисциплините на Поединечното првенство се во согласност со правилата на Атлетската федерација на Македонија. Кај трчањата на 100м, 300м, 600м ,800м, ако има пријавено повеќе од 8 натпреварувачи-ки, трката се одржува по квалитетни групи кои се формираат врз основа на пријавените резултати авкупниот пласман се одредува по резултат. Кај скоковите и фрлањата ако има пријавено повеќе од (8) осум натпреварувачи-ки сите учесници имаат право на три обиди, а осум до тогаш најуспешните добиваат право на уште три серии. Доколку има пријавено помалку од осум сите имаат право на шест 6 серии. Почетната висина и подигање на летвичката кај скоковите ќе се одреди на техничкиот состанок.

Пријавите за учество треба да се достават во писмена форма најдоцна до 18 Мај 2017 год, (четврток) до 14.00 часот на емаил: angelovski009@yahoo.com, а секоја пријава треба да содржи училиште, град, име и презиме, година на раѓање и дисциплина во која ќе се натпреварува ученикот.