Основците утре ќе го добијат шампионот во ракомет

Радовишани, утре 16.05.2017 година ќе бидат домаќини на завршниот турнир во ракомет за ученици од основните училишта од земјава, во лигата што ја организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

За трофејот ќе се борат екипите на ОУ „Коста Рацин“ од Подареш,  ОУ „Гоце Делчев“ од Илинден, како и тимовите на ОУ „Кочо Рацин“ од Куманово и ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга.

Натпреварите ќе се одигруваат во спортската сала „25 Мај“.