Шампионскиот трофеј во рацете на фудбалерите на ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга

Фудбалерите на ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга го освоија првото место на државното првенство во фудбал за основите училишта, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Второто место го освоија учениците од ОУ „Тошо Арсов“ од Штип, додека бронзениот медал им припадна на фудбалерите на ОУ „Александар Македонски“ од општина Аеродром. Наградата за фер плеј екипа им припадна на учениците на ОУ „Светозар Марковиќ“ од општина Старо Нагоричане.