Фудбалерките на „Брицо“ најдобри во Македонија

Женскиот фудбалски тим на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ го освои првото место на државното првенство во фудбал за средношколците од Република Македонија, што го организира Федерацијата на училишен на Македонија.
Второпласирана е екипата на СОУ „Гоце Делчев“ од Куманово, додека бронзениот медал го освоија фудбалерките на СОУ „Јане Сандански“ од Битола, а тимот на СОУ „Никола Карев“ од Струмица беше прогласен за фер плеј екипа на завршниот турнир што се одржа вчера (11.05.2017) во Куманово.