ОУ „Коле Канински“ државен првак во ракомет во женска конкуренција

Ракометниот тим на ОУ „Коле Канински“ од Битола е државен првак во ракомет во женска конкуренција. На вчерашниот (11.05.2017) завршен турнир во Македонска Каменица, ученичките од ОУ „Коле Канински“,го освоија првото место, супериорно совладувајќи ги противниците.

Второто место им припадна на ракометарките на ОУ „Димитар Поп Беровски“ од општина Ѓорче Петров, додека третопласирани беа ракометарките на домаќинот ОУ „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица. За фер плеј екипа беше прогласен тимот на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.