Македонска Каменица домаќин на финалето во ракомет

Општина Македонска Каменица и ОУ „Кирил и Методиј“ овој четврток 11.05.2017 година, ќе бидат домаќини на женските екипи од основните училишта, кои изборија учество на завршниот турнир на државното првенство во ракомет, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Покрај домаќинот, во финалето ќе се борат и екипите на ОУ „Димитар Поп Беровски“ од Ѓорче Петров, на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево, како и тимот на ОУ „Коле Канински“ од Битола.