Основците во петок ќе се борат за титулата во фудбал

Во петок 12.05.2017 година, во општината Старо Нагоричане, ќе се одржи финалниот турнир во фудбал за учениците од основните училишта во Република Македонија.

За трофејот ќе се борат тимовите на ОУ „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане, ОУ „Александар Македонски“ од општина Аеродром, учениците од ОУ „Тошо Арсов“ од Штип, како и тимот на ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга.