Финале во фудбал за девојките од средните училишта

Екипите на СОУ „Гоце Делчев“ од Куманово, ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје, СОУ „Никола Карев“ од Струмица и СОУ „Јане Сандански“ од Битола, во четврток 11.05.2017 година, ќе ги одмерат силите на завршниот турнир во фудбал, по што ќе се знае шампионот за учебната 2016/2017 година, на државното првенство кое го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.