Учениците од ОУ „Александар Македонски“ најдобри основци во футсал

Учениците од ОУ „Александар Македонски“ од општина Аеродром се шампиони во футсал во лигата на екипите од основните училишта, која ја организира Федерацијата за училишен спорт на Македонија.


Тие минатата недела, на теренот на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово, по изведувањето на пенали, беа поуспешни од домаќинот, кој се закити со сребрениот медал. Третопласирана беше екипата на ОУ „Наим Фрашери“ од Тетово, додека за фер-плеј екипа беа прогласени учениците на „Св. Климент Охридски“ од Чешиново-Облешево.


За најдобар играч во финалето беше прогласен Филип Арсовски од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово, а неговиот соиграч Андреј Лимиќ, беше прогласен за најдобар стрелец, додека наградата за најдобар голман му припадна на Леонид Киселовски од ОУ „Александар Македонски“ од Аеродром.