Финалето во одбојка закажано за в петок

Финалето од државното првенство во одбојка за женските екипи од основните училишта во Република Македонија ќе се одржи во петок, 21.4.2017 година во спортската сала на ОУ „Блаже Конески“ во Велес. Покрај домаќинот, учество во финалето ќе земат и одбојкарките на ОУ „Ѓоргија Пулевски“ од Скопје, екипата на ОУ „Видое Подгорец“ од Струмица и тимот на ОУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.