Спортската академија го освои шампионатот во кошарка

Женската кошаркарска екипа на Спортската академија го освои првото место на Државното првенство, кое минатата недела се одржа во спортската сала на СУГС „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје.

Второто место го освоијата кошаркарките на СОУ „Јосип Броз – Тито“ од Битола, додека третопласирана е екипата на СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци. Екипата на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ од Македонска Каменица е прогласена за фер-плеј тим на завршницата на државното првенство во кошарка.

image-0-02-05-3acd03a5a4ccd5457e65773513102d4c7d7005c7084c1f7fee2d727077926e6f-V