Ракометарките на „Брицо“ најдобри на Државното првенство

Женската ракометна екипа на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ е шампион во сезоната 2016/2017 година на Државното првенство, што го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Тие мината недела на теренот на СОУ „Мирко Милески“ од Кичево, со максимален учинок го освоија првото место, пред екипата на СОУ „Методија Митевски – Брицо“ од Делчево и женскиот ракометен тим на СОУ „Нико Нестор“ од Струга. За фер-плеј екипа, беа прогласени ракометарките на домаќинот СОУ “Мирко Милески“ од Кичево.

IMAG3355