Ракометарките ја почнуваат борбата за трофејот

Екипата на СОУ „Мирко Милевски“ од Кичево од 06.04.2017 до 08.04.2017 година ќе биде домаќин на завршните натпревари од Државното првенство во ракомет за средношолци во женска категорија.

Покрај домаќинот, на теренот ќе истрчаат и екипите на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ и СУГС „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје, како и тимовитена СОУ „Методија Митевски – Брицо“ од Делчево, СОУ „Кочо Рацин“ од Велес и екипата на СОУ „Јосип Броз – Тито“ од Битола.