Почнува трката за пехарот меѓу кошаркарките

Од четврток до сабота, (06-09.2017), женските кошаркарски екипи на СУГС „Васил Антевски – Дрен“, Спортската академија, СУГС „Наум Наумовски – Борче“ од Пробиштип, на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ од Македонска Каменица, како и екипите на СОУ „Јосип Броз – Тито“ од Битола и СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци, ќе се борат за епитетот најдобар тим на Државното првенство во кошарка, кое го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Домаќин на финалниот турнир е екипата на Спортската академија, а натпреварите ќе се играат во салата на СУГС „Орце Николов“ од Скопје.