Македонија ги доби шампионите во борење меѓу основците

На државното првенство во борење за учениците од основните училишта во Македонија, кое се одржа на 30.03.2017 година и на кое учество земаа 116 борачи од 18 училишта, беа прогласени најдобрите во десетте категории.
Во категоријата 29-32 кг, победник е Амети Беса од ООУ „Емри Елези “ од Скопје, додека нов шампион во категоријата 35 кг е Артан Џони од ООУ „Дитурија“ од Скопје, а во категоријата 38 кг е ученикот од ООУ „26 Јули“ од Скопје, Бесир Алили. Ученикот во ООУ „Рајко Жинзифов“ Зугуфали Асани е победник во категоријата 42 кг, а Окан Мамудов од ООУ „Димитар Влахов“ од Штип е победник во категоријата 47 кг. Аиг Селхаса од ООУ „26 Јули“ од Скопје е победник во категоријата 53 кг, а во категоријата 59 кг, нов шампион е неговиот соученик Реџеп Ајдари. Во категоријата 66 кг. победник е ученикот од ООУ „Наим Фрашери“ од Скопје, Арцем Беќировски, додека Мухамед Рамадани од ООУ „Јахја Кемал“ од Скопје е шампион во категоријата 73 кг. Никола Атанасов од ООУ „Никола Карев“ се закити со титулата шампион во категоријата 85 кг.

17546689_1361513590580807_7924456872888950585_o