Одбојкарите на СОУ „Никола Карев“ од Струмица први на државното првенство

Учениците на СОУ „Никола Карев“ од Струмица го освоија првото место на завршниот турнир на државното првенство во одбојка за средношколци, кое се одржа во салата на СОУ „Мирче Ацев“ во Прилеп од 30.03 до 01.04 2017 година.

Второ место го освоија одбојкарите на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје, додека трети беа учениците на СОУ „Коле Неделковски“ од Велес. За најфер екипа беше проглен тимот на СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп, додека за најдобар играч на турнирот беше прогласен Стојанче Илиев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица.

nikola karev - strumica - 1 mesto