Кошаркарите на СУГС „Никола Карев“ шампиони за учебната 2016/2017 година

Машката кошаркарска екипа на СУГС „Никола Карев“ од Скопје е шампион во средношколската лига, која ја организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во соработка со Министерството за образование и наука.
Тие изминатиов викенд на теренот на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ во Скопје, без ниту еден пораз  успеаја да се закитат со златниот медал, победувајќи ја во финалето екипата на домаќинот. Третото место им припадна на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, додека за фер-плеј екипа беа прогласени кошаркарите на СОУ „Таки Даскало“ од Битола.

nikola karev - skopje - 1 mesto