Почнуваат финалните натпревари во кошарка за средношколците

Финалните натпревари на државното првенство за средношколци, кое е во организација на Федерацијата за училишен спорт, ќе се одигруваат од 16 март до 18 март годинава, на терените на ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ во Скопје.

Покрај домаќинот, за шампионскиот пехар ќе се борат и победникот од групата Скопје 1, односно учениците од   СУГС „Никола Карев“, учениците од СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес, како победници од групата Исток 1, победникот од групата Исток 2, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, како и победниците од групите Запад 1 и Запад 2, учениците од СОУ„Добри Даскалов“ од Кавадарци, односно, екипата на СОУ„Таки Даскало“ од Битола.