Ученичките од ДУФК „Методи Митевски Брицо“ шампион во футсал

Ученичките од ДУФК „Методи Митевски Брицо“ го освоија првото место во футсал на државното првенство кое изминатиов викенд се одржа во СОУ „Никола Карев“ во Струмица. До шампионскиот трофеј  дојдоа без пораз, односно во четирите одиграни натпревари, тие постигнаа максимален резултат.

Второ пласирана е женската екипа на СОУ „Никола Карев“ од Струмица, а како третопласирани на подиумот се искачија, ученичките од СМУ „д-р Јован Калаузи“ од Битола.

Пехарот за фер-плеј екипа им припадна на ученичките од СОУ „Кочо Рацин“ од Велес.

Слика (групна) првите четири екипи на ДП