Финални државни натпревари во футсал – женска конкуренција

Од 9 март до 11 март 2017 година во училишната спортска сала на СОУ „Никола Карев“ од Струмица ќе се одржат финалните натпревари во футсал за учениците од средните училишта во Република Македонија, во женска конкуренција.
Покрај домаќинот, за трофејот ќе се борат и победниците од регионалните натпревари во футсал, ДУФК „Методи Митевски Брицо“ од Скопје победник од групата Скопје 1 и победникот од групата Скопје 2 – СУГС „Васил Антевски Дрен. Потоа, СОУ „Кочо Рацин“ од Велес победник од групата Исток 1, СОУ „Јован Калаузи“ од Битола – победник во групата Запад 1, и СОУ „Нико Нестор“ од Струга, како првопласирана екипа во групата Запад 2.

Лица за контакт на следниот линк.