Финални државни натпревари по одбојка во женска конкуренција

Од 9 март до 11 март, СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола, ќе биде домаќин на финалните натпревари на државното првенство во одбојка за учениците од средните училишта во Република Македонија, во женска конкуренција. За првото место покрај домаќинот, ќе се натпреваруваат и СУГС “Раде Јовчевски – Корчагин“ како победник од групата Скопје 1, како и екипата на СУГС „Никола Карев“, која беше  првопласирана во групата Скопје 2. Учество на завршницата на државното првенство ќе земат и победниците од групите Исток 1 и Исток 2, СОУ „Гоце Делчев“ од Куманово, односно СОУ „Јане Сандански“ од Струмица и СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, кое беше првопласирано средно училиште во групата Запад 1.

Лица за контакт на следниот линк.