СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп државен првак во футсал

Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп го освоија првото место во футсал во рамките на државното првенство за учениците од средните училишта во Република Македонија, откако во финалето одржано во СОУ „Методи Митевски Брицо“ од Делчево ја совладаа екипата на СОУ „Никола Карев“ од Струмица со 4:5 по изведување на пенали, откако во регуларниот дел, екипите одиграа нерешено 2:2.

Во борбата за третото место, учениците од ДУФК „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје, беа поуспешни од своите врсници од СОУ „Ацо Русковски“ од Берово со резулатат 4:1.

Трофејот за Фер-плеј екипа и припадна на домаќнинот СОУ „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево.

Освоено  место Училиште Град
1 место  

СОУ„РИСТЕ РИСТЕСКИ-РИЧКО                                   

ПРИЛЕП
2 место СОУ„НИКОЛА КАРЕВ“ СТРУМИЦА
3 место ДУФК„МЕТОДИ МИТЕВСКИ –БРИЦО“ СКОПЈЕ
4 место СОУ„АЦО РУСКОВСКИ“ БЕРОВО
5 место СОУ„МЕТОДИ МИТЕВСКИ- БРИЦО“ ДЕЛЧЕВО
6 место СУГС„ВАСИЛ АНТЕВСКИ –ДРЕН“ СКОПЈЕ

 

image-0-02-05-6bb454bf387ee3f50465c280cf02e75b969f10ec3b5f2e5744933c80f03f2ac6-V