Почнува државното првенство во одбојка за средношколците

Од 2 март до 4 март, СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп, ќе биде домаќин на финалните натпревари на државното првенство во одбојка за учениците од средните училишта во Република Македонија. За првото место покрај домаќинот, ќе се натпреваруваат и ДУФК „Методија Митевски Брицо“, како победник од групата Скопје 1, како и екипата на СУГС „Зеф Љуш Марку“, која беше  првопласирана во групата Скопје 2. Учество на завршницата на државното првенство ќе земат и победниците од групите Исток 1 и Исток 2, СОУ „Никола Карев“ од Струмица, односно СОУ „Коле Неделковски“ од Велес и СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, кое беше првопласирано средно училиште во групата Запад 1.