Почнува државното првенство во футсал за средношколците

Федерацијата за училишен спорт, ја известува јавноста дека од 23.02.2017 до 25.02.2017 година во училишната спортска сала на СОУ „Методи Митевски Брицо“ од Делчево ќе се одржат финалните натпревари во футсал за учениците од средните училишта во Република Македонија.

Покрај домаќинот, СОУ „Методи Митевски Брицо“ од Делчево, за трофејот ќе се борат и победниците од регионалните натпревари во футсал, ДУФК „Методи Митевски Брицо“ од Скопје победник од групата Скопје 1, победникот од групата Скопје 2 СУГС „Васил Антевски Дрен, како и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица победник од групата Исток 1, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп од Запад 1, и СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, како првопласиран во групата Запад 2.

Лица за контакт на следниот линк.