Известување од Државно првенство за основни училишта во стрелаштво /машки/

Известување од  Државно првенство за ОСНОВНИ училишта во СТРЕЛАШТВО /МАШКИ/, кое се одржа на 18 ноември 2016 година во Охрид во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“, Сојузот на училишен спорт Охрид,  Стрелачката федерација и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во просториите на стрелиштето „Беј Бунар“ во Охрид.

На првенството учествуваа 95 ученици и тоа: 54 машки и 41 женски. Во конкуренција на основните училишта настапија вкупно 59 натпреварувачи од кои 36 машки и 23 женски. Во конкуренција на средните училишта, настапија 36 натпреварувачи  од кои 18 машки и       18 женски, од следните градови од Република Македонија:    Куманово,Охрид, Битола, Велес, Кавадарци, Ваташа Струга, Прилеп и Скопје.

На првенството се стрелаше во 4 серии по 5 дијаболи.

На првенството беа постигнати следните резултати:

Најуспешни 8 – ученици/машки/

  1. Ненад Антиќ – Велес, ООУ„ВасилГлавинов“
  2. Лазар Лазарески – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“
  3. Киро Богев – Кавадарци, ОУ„Тошо Велков Пепето“
  4. Мартин Ангелоски – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“
  5. Стефан Пројчески – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“
  6. Никола Петров – Кавадарци, ОУ„Димката Ангелов Габерот“
  7. Георги Гелов – Кавадарци, ОУ„Тоде Хаџи Тефов“
  8. Давид Лазарески – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“

Учениците кои освоија прво и второ место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.

Одлична  организација од страна на Стрелачкиот клуб „Охрид“