Известување од Државното првенство за средни училишта во стрелаштво/ машки

Известување од  Државното првенство за СРЕДНИ училишта во СТРЕЛАШТВО /МАШКИ/, кое се одржа на 18 ноември 2016 година во Охрид во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“, Сојузот на училишен спорт Охрид,  Стрелачката федерација и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во просториите на стрелиштето „Беј Бунар“ во Охрид.

На првенството учествуваа 85 ученици и тоа: 44 машки и 41 женски. Во конкуренција на основните училишта настапија вкупно 49 натпреварувачи од кои 26 машки и 23 женски. Во конкуренција на средните училишта, настапија 36 натпреварувачи  од кои 18 машки и       18 женски, од следните градови од Република Македонија:    Куманово,Охрид, Битола, Велес, Кавадарци, Ваташа Струга, Прилеп и Скопје.

На првенството се стрелаше во 4 серии по 5 дијаболи.

 

На првенството беа постигнати следните резултати:

 

Најуспешни 8 – ученици/машки/

 

  1. Антонио Николоски – Прилеп, СОУ ,,Мирче Ацев,, 
  2. Емануел Сеичоски – Прилеп, СОУ ,,Мирче Ацев,,
  3. Бојан Симитчиев – Скопје, СУГС ,,Орце Николов,,
  4. Дејви Кузманов – Велес, СОУ,, Димитрија Чуповски,,
  5. Стефан Спасевски – Куманово, СОУ,,Гоце Делчев,,
  6. Митко Шонтевски – Скопје, ДУФК ,,Методи Митевски Брицо,,
  7. Златко Јовановски – Куманово, СОУ,,Гоце Делчев,,
  8. Ѓоко Марокоски –  Охрид, ОСУ,,Св. Климент Охридски,,

 

Учениците кои освоија прво и второ место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.

Одлична  организација од страна на Стрелачкиот клуб „Охрид“.

 

image-0-02-05-1df41dbd80af373989ca9fffebe68697e68f22838b289b2883316b2ab41bad85-v