Известување од Државното првенство за основни училишта во стрелаштво/ машки/

Од  Државно првенство за ОСНОВНИ училишта во СТРЕЛАШТВО /МАШКИ/, кое се одржа на 18 ноември 2016 година во Охрид во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“, Сојузот на училишен спорт Охрид,  Стрелачката федерација и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во просториите на стрелиштето „Беј Бунар“ во Охрид.

На првенството учествуваа 85 ученици и тоа: 44 машки и 41 женски. Во конкуренција на основните училишта настапија вкупно 49 натпреварувачи од кои 26 машки и 23 женски. Во конкуренција на средните училишта, настапија 36 натпреварувачи  од кои 18 машки и       18 женски, од следните градови од Република Македонија:    Куманово,Охрид, Битола, Велес, Кавадарци, Ваташа Струга, Прилеп и Скопје.

На првенството се стрелаше во 4 серии по 5 дијаболи.

На првенството беа постигнати следните резултати:

Најуспешни 8 – ученици/машки/

  1. Ненад Антиќ – Велес, ООУ„ВасилГлавинов“
  2. Лазар Лазарески – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“
  3. Стефан Пројчески – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“
  4. Георги Гелов – Кавадарци, ОУ„Тоде Хаџи Тефов“
  5. Давид Лазарески – Прилеп, ООУ„Кире Гавриловски Јане“
  6. Никола Блажески – Скопје, ОУ,,Крсте Мисирков,,
  7. Михаил Балабаноски – Прилеп, ОУ„Гоце Делчев“
  8. Горги Попов – Кавадарци, ОУ„Гоце Делчев“

 

Учениците кои освоија прво и второ место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.

Одлична  организација од страна на Стрелачкиот клуб „Охрид“

osnovni-maski