Известување од Државното првенство за основни училишта во стрелаштво/ женски/

Известување од  Државното првенство за ОСНОВНИ училишта во СТРЕЛАШТВО /ЖЕНСКИ/, кое се одржа на 18 ноември 2016 година во Охрид во организација на Стрелачкиот клуб „Охрид“, Сојузот на училишен спорт Охрид,  Стрелачката федерација и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во просториите на стрелиштето „Беј Бунар“ во Охрид.

На првенството учествуваа 85 ученици и тоа: 44 машки и 41 женски. Во конкуренција на основните училишта настапија вкупно 49 натпреварувачи од кои 26 машки и 23 женски. Во конкуренција на средните училишта, настапија 36 натпреварувачи  од кои 18 машки и  18 женски, од следните градови од Република Македонија:   Куманово,Охрид, Битола, Велес, Кавадарци, Ваташа Струга, Прилеп и Скопје.

На првенството се стрелаше во 4 серии по 5 дијаболи.

На првенството беа постигнати следните резултати:

Најуспешни 8 – ученици /женски/

  1. Ирина Јованоска – Прилеп, ООУ,,Добре Јованоски“ 
  2. Јована Каланоска Шишкоска – Охрид, ОУ„Христо Узунов           
  3. Мартина Кочовска – Охрид, ОУ„Григор Прличев
  4. Менче Стојановска – Кавадарци, ОУ„Тоде Хаџи Тефов”
  5. Марија Магдалена Шишкоска – Охрид, ОУ„Христо Узунов”
  6. Евгенија Илијоска Прилеп, ОУ„Климент Охридски”
  7. Марија Тодорчева – Кавадарци, ОУ„Гоце Делчев”
  8. Мила Василевска – Охрид, ОУ„Григор Прличев”

 

Учениците кои освоија прво и второ место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.

Одлична  организација од страна на Стрелачкиот клуб „Охрид“.

 

osnovni-zenski