Извештај од Државното првенство за средни училишта во ПИНГ-ПОНГ / женски

Извештај од  Државното првенство за СРЕДНИ училишта во ПИНГ-ПОНГ /ЖЕНСКИ/, кое се одржа на 11 ноември 2016 година во Кавадарци, во организација на Сојузот на училишен спорт на Кавадарци и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

На првенството учествуваа вкупно 38 ученици и тоа: 24 машки и 14 женски од следните градови во РепубликаМакедонија:

Крива Паланка, Скопје, Ресен,  Прилеп, Крушево, Куманово,  Струмица, Гевгелија, Радовиш, Виница, Битола, Штип и Кавадарци.

На првенството се играше во репасаж систем во два добиени сета. Машки во 4 групи од 6 учесници. Женски 2 групи по 4 учесници и 2 групи од 3 учесници. Финалната група по двајца прво пласирани од сите групи вкупно 8 машки и  8 женски повторно со елиминации до крај во машка и женска категорија.

На првенството беа постигнати следните резултати:

Најуспешни 8 – ученици/женски/

 

  1. Анета Станковска – Крива Паланка, – СОУ „Ѓорче Петров“
  2. Ива Димитриевска – Куманово, – СОУ„Гоце Делчев“
  3. Ангела Стаменковска – Крива Паланка, – СОУ„Ѓорче Петров“
  4. Марија Јованова – Кавадарци, СОУ„Добри Даскалов“
  5. Ана Марија Димитрова – Скопје, – СУГС „Панче Арсовски“
  6. Ива Евтимска – Виница,  СОУ „Ванчо Прке“
  7. Добринка Сотирова – Кавадарци, СОУ„Добри Даскалов“
  8. Јелена Јокиќ – Скопје, – СУГС  „Васил Антевски – Дрен“

Учениците кои освоија прво и второ место се здобија со право на учество на спортскиот камп.

Добра организација од страна на  Сојузот на училишен спорт на Кавадарци.

imag2918