Известување за Државно првенство во стрелаштво за основни и средни училишта

Ве известуваме дека Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Стрелачката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Охрид, ќе одржи Државно првенство во СТРЕЛАШТВО за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција.

Државното првенство во  ќе се одржи на 18.11.2016  година (петок) во Охрид  на стрелиштето во „БЕЈ БУНАР“ по следната саатница:

            10:00 ——–— Пристигнување  на натпреварувачите

            10:30 ———–  Почеток на натпреварот

Сите натпреварувачи-ки настапуваат со членска книшка на ФУСМ, како и Список со име и презиме на ученикот, училиште и град, како и име и презиме на наставникот-водач, заверен од училиштето или Општинскиот сојуз на училишен спорт.

ВОЗРАСНИ  КАТЕГОРИИ:

  1. Основни училишта  –  женски
  2. Основни училишта  –  машки
  3. Средни училишта  –  женски
  4. Средни училишта  –  машки

 

Првопласираните учесници (прво, второ и трето место) добиваат медал и диплома.

Професорите-водачи ќе добијат дипломи за учество.

Заради избегнување на гужвата при пријавување на лице место и навремено отпочнување на натпреварите, пожелно е Пријавата за учество да се достави по електронски пат најдоцна до 17.11.2016 год. на

E- mail: fusmakkontakt@yahoo.com

Пријавата да содржи име и презиме,  одделение – клас и училиште.

 

ПРИЈАВИ НА ЛИЦЕ МЕСТО НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ!

ПРАВО НА УЧЕСТВО:

УЧЕНИЦИ-КИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА РОДЕНИ 2001 ГОДИНА И ПОМЛАДИ.

УЧЕНИЦИ-КИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА РОДЕНИ 1997 ГОДИНА И ПОМЛАДИ.

 

Првопласираните (прво и второ место) во сите категории се здобиваат со право за учество на Летниот спортски камп во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Со желба да учествуваат што повеќе натпреварувачи Ве замолуваме како  одговорно лице да се ангажирате во остварување на оваа активност преку наставниот кадар во училиштата.

Телефон за контакт 070/261-760/ и во ФУСМ.